Интернет портали пренесуваат дека член на групата Улф Екберг бил нацист и дури имал и нацистички бенд! Бил дел и од политичка партија со крајно десничарска определба и екстремистички тенденции. Групата со име „Самоуби се“,во една од песните вели „Мажи со бели калчунки маршираат низ улицата, уживаме кога сечеме црнечки глави, имигранти, ве мразиме! Надвор, надвор, надвор, Нордиски народе, разбуди се, пукај, пукај, пукај“.
Во документарец од 1997, Екберг вели дека жали за направеното. „Ја затворив таа книга“, додал тој.
А по оваа вест, реагира и Екберг, кој вели дека во сите интервјуа имал пристап да биде „отворена книга“ и дека за ова прашање неколку пати се извинил.
„ Веќе 20 години како сум расчистил со минатото. Имав бенд со тоа име, но ниту сме снимиле, ниту имавме песна со таков текст. Како и да е пубертетските грешки кои ги имам сторено беа несреќен избор за тоа време и доколку можам повторно да ги живеам тие години, поинаку би постапил. Најискрено жалам за разочарувањата на моите обожаватели, особено што „Ејс оф Бејс“ никогаш не ги споделувал овие сфаќања и бил против било каков вид екстремизам“, вели во дописот Екберг.
Ако и не се прослави како нацист, го прослави „Сѐ што таа сакаше“, но и песната „Знак“, во која не изгледа толку„опасно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип


