| четврток, 6 декември 2018 |

50.000 дози од вакцината за спас од болеста Јазлеста кожа

За итна вакцинација над добитокот Агенцијата за храна и ветеринарство обезбеди 50 илјади дози од вакцината против болеста Јазлеста кожа кај говедата во 19 општиниво Источна и Југоисточна Македонија (Демир Капија, Штип, Василево, Радовиш, Босилово, Делчево, Виница, Пехчево, Берово, Ново Село, Струмица, Валандово, Дојран, Македонска Каменица, Гевгелија, Кратово, Конче и Зрновци, Богданци).

05052016191157_goveda

Со цел сузбивање и искоренување на болеста и намалување на ризикот од нејзино ширење, согласно подготвениот план, со вакцинацијата ќе бидат опфатени зоните под надзор и заштитните зони во општините каде има потврдени позитивни грла, како и во областите кои се граничат со овие зони.

Ветеринарните друштва кои имаат склучено договор со Агенцијата за рана и ветеринарство се носители на активностите за вакцинација и истите се веќе задолжени со вакцините. Дел од нив, денеска, под надзор на официјале нветеринар почнаа со вакцинација на добитокот против болеста Чвореста кожа.

Со вакцинацијата ќе бидат опфатени сите животни од видот говеда, без оглед на нивниот пол, возраст и месец на гравидност.Обезбедената количина вакцини е доволна со вакцинација да се покрие целата популација говеда во гореспоменатите региони и општини каде што е присутна болеста Чвореста кожа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top