Денеска ја поднесов мојата жалба до Агенцијата за администрација за моето отказно решение кое што е неосновано и незаконски донесено за престанок на мојот работен однос, изјави Катерина Матиќ.
-Се надевам дека Агенцијата за администрација во законски предвидениот рок ќе донесе одлука за одбивање на незаконското донесено решение за моето работно место, бидејќи има многу докази кои ќе го докажат моето присуство на работа, иако во образложението се наведува дека електронски не сум се евидентирала- вели Катерина Матиќ.
Таа потенцираше и дека самиот директор е свесен и знае дека во тој период се правеа пoдготовки за регионалната конференција на европската агенција за безбедност на храна која што се одржа на 12/13 јули во Македонија.
-Главен и одговорен кој што ја подготвуваше таа конференција бев јас и се надевам дека Агенцијата за администрација ќе ги штити правата на административците- порача Матиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.