Папата Франциск денеска имаше историска средба со големиот имам на Универзитетот Ал Азхар во Египет, шеик Ахмед ал Тајеб, по повеќедецениските тензични односи меѓу двете религиозни институции, соопшти Ватикан.
Папата Франциск и шеикот Ал Тајеб одржале 25-минутна средба во личната библиотека на понтифот, а потоа имамот и членовите на неговата делегација разговараа со кардиналот задолжен за меѓурелигиски дијалог.
– Пораката од нашата средба е самата средба, посочи папата.
Тоа е прва таква средба во Ватикан. На 24 февруари 2000 година папата Јован Павле Втори го посети тогашниот голем имам на Ал Азхар, шеик Мохамед Сејед Табтави во Каиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.