Поради зголемен број на пријавени случаи на „опседнатост со демони“ во Италија. Ватикан ќе организира обука за свештенството подобро да се подготви за обреди за егзорцизам, пренесуваат италијанските медиуми.
-Денеска сме во фаза која е клучна за историјата: многу христијани повеќе не веруваат во постоењето на ѓаволи, има малку егзорцисти, а нема повеќе млади свештеници кои сакаат тоа да го научат, рече еден од учесниците на обуката, Отецот Чезаре Труки, пренесува „Ватикан њуз“.
Курсот за егзорцисти се одржува во Рим од 6 до 21 април и неговата цел е да понуди размислувања и увид во темата која понекогаш е неискажлива и контраверзна, вели егзорцист од Сицилија Банињо Палила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.