| четврток, 6 декември 2018 |

Голем јубилеј на Ѓоковиќ, 200 недели е врвот во светскиот тенис

novak djokovic

Најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, денеска ја започна јубилејната 200-та недела на врвот на АТП листта.

Србинот до ваквиот јубилеј стигна во три етапи. Најпрвин беше најдобар играч по Вимбдон 2011 година, на 4 јули, и тогаш на врвот помина 53 недели, сѐ до 8 јули 2012 година, кога го симна токму Федерер.
Сепак, по само 17 недели, Ѓоковиќ на 5 ноември 2012 годинна се врати на тронот, каде остана 48 недели сѐ до 6 октомври 2013 година. Тогаш му го препушти првото место на Рафаел Надал и чекаше на враќање сѐ до 7 јули 2014 година и од тогаш е во континуитет на врвот, засега 99 недели, а ќе бидат уште сигурно.

Српскиот тенисер моментно е петти на вечната листа, а пред него се, освен Федерер, и Џими Конорс (268), Иван Лендл (270) и Пит Сампрас (286). Доколку продолжи со ова темпо, за две години Ѓоковиќ би можелл да стане апсолутен број 1.

Ѓоковиќ е убедливо е прв на најновата АТП листа со 16.150 поени пред Енди Мареј кој има 8.435 и Роџер Федерер со 7.015 бода. Следуваат Станислас Вавринка на четвртото место, а Рафаел Надал ја комплетира првата петорка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top