По подолга пауза, македонскиот пејач Александар Тарабунов конечно ја издаде својата нова песна, за која има и видеоспот.
Станува збор за темата со наслов „Дал има“, на која како автор на музиката и на текстот се потпишува токму Тарабунов, аранжманот е дело на Дамјан Лазаров, а мастерингот е на Иван Јованов во продукција на „Горила“.
Песната е претставена заедно со видеозапис во изработка на „Горила филмс“.
Во видеото се појавува и преубавата ракометарка Викторија Пеовска од Куманово, која одлично се снајде во улогата.
Песната и видеозаписот се поддржани со Законот за субвенционирани композиции на Министерството за култура и Македонската радио-телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)