Бранителот на титулата на престижниот Гренслем турнир во престолнината на Франција, Станислав Вавринка е свесен за силината на своите противници. Пред точно една година, Швајцарецот му ја ускрати шансата на светскиот рекет број еден за да го додаде и трофејот од четвртиот Гренслем турнир за сезоната, а оваа година битката ќе биде уште потешка.
– Нокак игра фасцинантен тенис. Ако погледнете што направи оваа година и по минатогодинешното финале, јасно е дека е голем фаворит за овој турнир и дека ќе биде многу тешко да се победи. Свесен сум дека главни кандидати за трофејот се Новак, Мареј и Надал. Јас сум веднаш позади нив – вели Вавринка.
Четвртиот тенисер во светот ќе го започне својот настап на Ролан Гарос со меч против Лукаш Росол кого го совлада минатата недела со 2-1 во сетови. Во тековната сезона, на земја, Вавринка испадна во четвртфиналето на Монте Карло, Второто коло во Мадрид и третото коло во Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.