Холивудската актерка Ева Лонгорија и нејзиниот избраник Хосе Антонио Бастон се венчаа во градот Ваља де Браво во Мексико. Венчавката е одржана на приватен имот, а на свадбата присуствувале околу 200 гости.
Извор близок на двојката, за „Пипл“ магазинот откри дека меѓу гостите биле и Дејвид и Викторија Бекам, Пенелопе Круз, Рики Мартин, Кејти Пери, Марио Лопез и многу други познати личности.
A photo posted by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on
Ева Лонгорија и нејзиниот нов сопруг Хосе Антонио Бастон во врска се од ноември 2013 година.
Бастон е сопственик на латиноамериканската компанија „Телевиса“ која е најголема мексиканска компанија за производство на телевизиска, радио, музичка, театарска и интернет програма и објавување публикации на шпански јазик.
Бастон ја побара 41-годишната актерка за сопруга во текот на летувањето во Дубаи.
Лонгорија за нејзиот нов сопруг претходно зброуваше за „Пипл“ магазин.
– Тој беше најубавиот маж кој некогаш сум видела. Толку многу е харизматичен, шармантен, сладок и смешен, објасни ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“.
На актерката ова и е трет брак. Претходно беше венчана со колегата Тајлор Кристофер и НБА ѕвездата, Тони Паркер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.