Актуелните НБА шампиони, екипата на Голден Стејт дожиевеаја тежок пораз во третиот натпревар од финалната серија на западната конференција од Оклахома од 133-105 на гостински терен. Вориорс се спасија од потежок пораз во последната четвртина која ја добија со девет поени разлика (25-16).
Дебаклот беше најавен уште на крајот од третата четвтина кога Оклахома имаше огромни 41 кош разлика (113-72).
– Добивме тоа што го заслуживме – реален беше тренерот на Голден стејт, Стив Кер.
Кевин Дурант и Расел Вестбрук беа на висина на задачата, а двајцата постигнаа 63 поени за својот тим. Дурант мечот го заврши со 33 поени, додека бекот на Тандерс беше на граница на нов трипл-дабл со 30 поени, 12 асистенции и осум скока.
Кошаркарите на Оклахома со постигнатите 133 поени го израмнија клупскиот рекорд по бројот на постигнати кошеви во плејоф мечевите, но еднакво добро одиграа и во одбраната.
На спротивната страна Стеф Кари од 17 упатени идари реализираше само седум и постигна за него „скромни“ 24 поени, додека Клеј Томпсон додаде 18.
Четвртиот натпревар се игра во четврток наутро, кога Оклахома повторно на домашен терен ќе се обиде да стигне до чекор од елиминација на актуелниот шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)