| четврток, 6 декември 2018 |

Денот започна со незгода: Возило се преврте кај Католичка црква, едно лице е повредено (ФОТО+ВИДЕО)

 

Едно лице е полесно повредено во сообраќајна несреќа која се случи утринава околу 7 часот на кружниот тек кај Католичката црква во Капиштец, пренесува ТВ Нова.

Според првичните информации, во незгодата учествувале најмалку две возила од кои едното се превртело.

soobrakjajka katolicka

Според очевидци, пред да се преврти, возилото удрило во тротоарот.

Брза помош која пристигна на местото на настанот му укажа помош на повреденото лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top