Денеска времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно југозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 17 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе достигне до 26 степени.
Во вторник и во среда ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен и северозападен ветер, а температурата ќе опадне за неколку степени. Потоа во наредните денови се очекува стабилно и потопло време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.