Овогодишната „Златна палма“ на 69. Меѓународен филмски фестивал од Кан, меѓународното жири во Кан, на чело со австралискиот режисер Џорџ Милер. му ја додели на режисерот Кен Лоч за филмот „Јас Даниел Блејк“, јавува дописникот на МИА од Париз.
Кен Лоч со тоа влегува во листата на двојно наградени со најпрестижното филмско признание – „Златна палма“.
– Примањето на наградата е малку чудно бидејќи ликовите што го инспирираа овој филм се оние кои успеаја да ги извлечат од маките најсиромашните од петтата светската сила, односно Англија. Филмот ја одржува имагинацијата, но ни го претставува и светот во кој живееме. Светот се наоѓа во опасна ситуација. Тој е воден од страна на неолибералните идеи кои можат да доведат до катастрофа. Тие вовлекоа во беда милиони луѓе од Грција до Португалија. Киното има традиција на протестирање, народот против моќните, се надевам дека оваа традиција ќе продолжи. Ние се приближуваме во период пред очај. Ова ја носи екстремната десница, ние мора да донесеме надеж. Возможен е поинаков свет . Тоа е можно и потребно – рече Кен Лоч при примањето на „Златната палма“ од Џорџ Милер и Мел Гибсон.
Наградата за женска интерпретација ја доби филипинската актерка Жаслин Хозе за улогата во филмот „Мојата роза“.
За најдобра машка улога „Златна палма“ доби иранскиот актер Шахаб Хосеини за улогата во филмот „Клиент“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фантастичен прием на „Дивата круша“ на Нури Бигле Џејлан на Канскиот филмски фестивал
-
Јапонецот Хироказу Коре- Еда е годинашниот добитник на „Златната палма“ во Кан
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка
-
Македонија како дестинација за снимање филмови се промовира во „Холивуд репортер“