Герет Бејл даде интересен гол за Тотенхем, против Виган, иако не ја шутна топката кон голот на Жоел Роблес. Голманот на Виган сакаше да расчисти пред голот и го погоди во нога напаѓачот на Тотенхем, за предност од 1-0 за гостите од Лондон. Целиот меч имаше чуден тек и тоа во режија на Виган.
Домаќините даваа голови во противничката мрежа, но и во својата, за финиш на возбудлиовиот дуле без победник 2-2. По чудниот гол на Бејл, Виган направи пресврт со погодоците на Бојс и на Мекманаман, но не освои три бода пак благодарение на нов кикс. Бојс во 89. минута си даде автогол и ги спаси гостите од пораз.
Резултати, 35. коло: Виган – Тотенхем 2-2, Евертон – Фулам 1-0, Стоук – Норич 1-0, Саутемптон – ВБА 0-3, Манчестер сити – Вест Хем 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


