Еве уште една причина зошто треба да се внимава кога се дава збор.
Поранешниот играч на Марсеј Ерик Ди Меко беше „присилен“ да изеде стаорец во радиска емисија заради лоша проценка. Приказната всушност почнува во 2010, кога тој бил уверен дека челниците на неговиот поранешен клуб зборат глупости кога тврделе дека го земале шпанскиот десен бек Сесар Аспиликуета како „иднина на шпанскиот фудбал“. Всушност бил толку убеден во неговиот неуспех што се заколнал дека „ќе изеде стаорец во живо во емисија, ако некогаш заигра за репрезентација.
Бидејќи тоа се случи, Ди Меко ја призна грешката, а еве ја снимката од исполнување на ветеното во емисија на радиото Монте Карло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


