Шведскиот интернационец Златан Ибрахимовиќ ќе дојде на „Олд трафорд“ и ќе има двојна улога, и како напаѓач во тимот, но и како еден од асистентите во стручниот штаб на Жозе Мурињо, открива шведскиот весник „Афтонбладет“. Ибра и Мурињо имаат одлични релации уште од периодот кога беа заедно во Интер, а Португалецот посакува да го има во својот тим Златан, кој има цврст дух и победнички карактер, нешто што секако ќе му биде потребно при оформување на новиот состав на „црвените ѓаволи“.
д друга страна, Ибрахимовиќ е пред крајот на кариерата и сака да почне да ги учи тајните на тренерскиот занает, а дали и би можел да најде подобар учител од Жозе Мурињо. Тој би бил еден од асистентите на Мурињо, задолжен пред се за навалната линија во тимот. Останува прво Жозе Мурињо да биде именуван за нов менаџер на Манчестер јунајтед, што е најавено за наредните неколку дена, а потоа веројатно и Златан Ибрахимовиќ да пристигне на „Олд трафорд“, доколку оваа најава на шведскиот медиум се покаже како точна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.