-Едно куче се појави по погребот на мојата ќерка и до тој ден не се трга од таму, раскажала Зорица Крсмановиќ.
-Секој ден одам на гробот на Јелена, но посебно ме разнежува кога ќе ја видам кучката Жолтка која спие под купиштата цвеќиња не нејзиниот гроб. Чувствувам некаква симболика бидејќи мојата Јелена обожуваше животни, а уште како мала често пати дома ни носеше напуштени животни“, изјавила за медиумите Зорица Крсмановиќ, мајката на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33).
Таа додава дека како поминува се помалку и е јасно кој можел да крена рака на личност каква што била нејзината ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.