| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на гастрабајтер која го запали интернетот: Вака навистина изгледа нашиот живот „надвор“

Турбулентните деведесетти од голем број на жители на Босна и Херцовина направиле гастрабајтери кои заминале во странство каде поголем дел од нив живеат и ден денес. Само тие знаат како денес изгледа таму „навор“, а ретко се оние кои ќе признаат дека таму „не тече мед и млеко“ како што нивните семејства во Босна замислуваат.

dsc07423-large-620x350

Еден од нив е и Сарајлија кој во Германија заедно со сопругата работата во фабрика во која чисти канцеларии и тоалети, но роднините во Босна го доживуваат како богаташ само затоа што живее „надвор“.

-Секој месец праќаме пари во Босна, бидејќи повеќе од половина наши роднини се невработени, а оние малкумина и кои работат или примаат пензија како и ништо да не примаат. Тие во нас гледаат како во некакви волшебници и јас таа слика не сакам да им ја расипувам. Некогаш се обидуваат да им објаснам колку јас тешко заработувам,  но тие како да се глуви и воопшто не ме разбираат. Помалку станав изморен од сето тоа, како да сум банкомат од кој тие само влечат пари“, раскажува овој гастрабајтер потенцирајќи дека  судбината на сите „гастоси“ не  е иста како но и дека малкумина се тие на кои им паднала „секирата во мед“.

gastarbajter

Тој го навел и случајот на него познаник кој пред секое доаѓање во родниот  Добој во БиХ  дига помал кредит само за да може да ги исполни очекувањата на својата фамилија која го чека како да е Дедо Мраз.

-Мојот пријател е жив грев. Ќе земе кредит па потоа цела година работи по две, три работи за да може да го исплати и токму кога ќе го исплати доаѓа време повторно да дојде во Босна и повторно дига кредит и така во круг.

Овој гастрабајтер објаснува дека кога тие ќе дојдат во Босна неговото семејство ги „паузираат“ паричниците и каде и да одат тие ги плажаат сите трошоци, летувања, вечери…

-Не сакаат само додека им даваме пари, а инаку за нив сме селјаци. Ни се смеат зад грб. Се потсмеваат на нашиот акцент и на тоа како се облакаме“, се пожалил Аднан, по потекло од Зворник, а кој по уште една лоша епизода во „татковината“ решил некое време да не доаѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top