Голема награда на Италија на патеката во Муѓело и голема катастрофа за „докторот”! Откажа јамахата на Валентино Роси кој мораше да се повлече во осмиот круг, а токму благодарение на тоа неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцо, стигна до победата.
Ова вторпат сезонава јамаха да ја заврши трката со само еден моторциклист бидејќи сличен пех Роси имаше и во Остин, САД. Наместо големо шоу како што се очекуваше Италијанецот да приреди на домашната патека, од машината на Роси на патеката остана само чад.
Тоа го искористи актуелниот шампион кој во фото-финиш за само 19 илјадити делови од секундата беше побрз од Марк Маркез од Хонда на последната рамнина пред целта.
Третото место му припадна на Андреа Јаноне од Дукати кој умешно ги одби налетите на Дани Педроса во борбата за подиумот.
Сега на врвот во генералниот пласман лидерот Лоренцо има 115 бодови, десет повеќе од Маркез и дури 37 повеќе од Валентино Роси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)