Во сообраќајната несреќа патничко моторно возило „Мерцедес Бенц“ со струмички регистарски таблизи, управувано од С.Ѓ. (46) од Село Просениково, Струмица удрил во заштитната ограда и излетал од коловозот. По излегување од страна на униформиран полициски службеник од БПС-Петровец за обезбедување на местото на настанот, друго патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистерски таблици управувано од С.А.(39) од село Порој, во кој бил и сопатникот Ф.И.(36) од Скопје, удрило во патничко моторно возило „Мерцедес Бенц“, а потоа и во службеното полициско возило во кое бил полициски службеник и излетало од коловозот.
Со возило на итна медицинска помош полицискиот службеник е пренесен во ГОБ-Скопје каде од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување, додека С.А. и сопатникот од истото возило биле пренесени во КЦ-Скопје каде од страна на лекар им биле констатирани тешки телесни повреди и се задржани за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа на СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун