Монпелје блесна во најсилен сјај и го покори шампионот ПСЖ со 38-32 во мечот за пехарот во Купот на Франција. Без плејмејкерот Диего Симонет, но со Матје Гребиј, конечно во вистинско светло и со сигурен Венсан Жерар на голот, вицепрвакот почна да го гради чудото уште во првиот дел, кој го доби со 18-13.
Водството постојано изнесуваше пет, шест разлика и највисоки 28-21 во 43. минута, сѐ додека ПСЖ не намали на 30-34 во 54. минута. Сепак тоа беше премала основа за пресврт, со оглед на залетот кој го имаше земено Монпелје.
Гребиј заврши со осум гола од 11 обиди, осум имаше и Кавтичник, а прв стрелец со девет погодоци беше Гајиќ, од нив пет од пенал. Кај ПСЖ Онуфриенко постигна осум, а Онрубија шест.
Ова е трофеј број 40 во клупската историја на Монпелје, 13. во Купот на Франција.
– See more at: http://sportmedia.mk/rakomet/razno/monpelje-go-raznese-pszh-vo-finaleto-na-kupot-na-francija#sthash.7pPS1CJf.dpuf
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.