| четврток, 6 декември 2018 |

Џокерот Мората: Соиграчите ми рекоа да влезам и да дадам гол, јас тоа го направив

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората беше човекот на одлука на синоќешното финале на Купот на Италија. Тој го постигна единствениот гол за триумф на „старата дама“ против Милан, и тоа во 110.минута од продолженијата. Интересно е дека тој влезе во игра само две минути претходно од клупата за резервни фудбалери.

– Соиграчите рекоа „влези и дади гол“. И јас дадов, само две минути откако влегов. Среќен сум за овој трофеј, ја одбранивме двојната круна и тоа е голем успех за нашиот тим – изјави Алваро Мората.

Шпанецот не сакаше да коментира дали ќе остане во Јувентус, или пак ова лето ќе замине од клубот. Реал Мадрид има право да го врати назад на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 30 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top