| четврток, 6 декември 2018 |

Пирло: Со преселбата во САД, ризикував да не одам на ЕП

pirlo 1

Селекторот на Италија, Антонио Конте, не го вклучи на својот список за ЕП 2016 поранешниот диригент на „аѕурите“ Андреа Пирло. Ветеранот (37) кој игра во МЛС – лигата на САД, во дресот на Њујорк сити, сепак, знае дека неговата преселба во Америка е клучна за ваквата одлука на селекторот.

– Кога ќе одлучиш да играш во МЛС – лигата, можеби и самиот си земаш ризик, да не играш на Европско првенство. Не можам да се лутам, јасно ми е дека дури и фудбалерите кои играат во белгискиот шампионат, сепак, повеќе можат да се наметнат. Знам дека ризикот е мој и ќе се носам со тоа – изјави Андреа Пирло.

Мајсторот со фудбалска топка за Италија одигра 116 натпревари, а последен пат играше во септември против Бугарија во рамките на квалификациите за ЕП 2016.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top