Режим, немање на слобода, тиранија се најчестите напади од страна на СДСМ и портпаролот на Зоран Заев, Петре Шилегов. Но дека од тоа нема ништо, најдобро сведочи личниот пример на Шилегов кој под улови на “режим“ живее одлично и купил два нови станови во екслузивен станбен комплекс, пишува Денешен.
Два нови стана од 72 и 64 м2 плус помошни простории е имотот кој го купила фамилијата Шилегови. Двата станови се на името на Јасмина Шилегова, сопруга на Петре Шилегов.
Сумите кои биле уплатени од страна на Шилегови се 75.206 евра, и 84.494 евра. Со сопственоста се стекнале пред неполна година поточно на17.07.2015-та.
Двата стана се наоѓаат во општината Карпош на булеварот „Партизански одреди“. Тоа го потврдува и договорот до кој дојде ДЕНЕШЕН кој е во висина од 9.846.523 денари односно 160 илјади евра платени во готово на продавачот на имотот.
Претходно е познато дека Шилегов поседува трикатна куќа, од 313 метри квадратни, автомобили Мерцедес и Ауди, но и стан од 88 метри квадратни во вкупна вредност од половина милион евра.
Тој се најде на удар на јавноста која бараше одговори како Шилегов стекнал толкав имот иако пријавил дека од семејната фирма зема плата од безмалку 23.000 денари, а неговата сопруга близу 11.000 денари. Нејасно е како Шилегов го зголемил својот имот за дополнителни два стана вредни 160 илјади евра.
Инаку како претседател на второстепената владина комисија за јавни набавки во периодот на владеењето на СДСМ до 2006-та година, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одлучувал спорови во кои негови главни фаворити на тендерите биле фирми како „Јавор Шпед“, фирма во сопственост на „кланот Заеви“, фирми блиски до СДСМ како СЕМОС, веледрогеријата Пановски и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“