Највисокиот планински врв на Земјата Монт Еверест се намалил за два и пол сантиметри поради силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер кој го погоди Непал на 25 април.
Весникот „Хафингтон пост“ ја објави информацијата за промената на висината на Монт Еверест врз основа на податоците на сателитот „Сентинел 1А“ на Европската вселенска агенција, кој поминал над погоденото подрачје на 29 април.
Весникот наведува дека во вистинската верижна реакција прво дошло до триење и поместување на индиската и евроазиската тектонска плоча, што предизвикало земјотрес кој ја ослободил енергијата која довела до пукање на Земјината кора и благо спуштање на Монт Еверест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.