| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн го испрати Гвардиола со двојна круна, пеналот рулетот во финалето од купот среќен за баварците (видео)

Баерн Минхен, покрај шампионската круна, успеа да се закити и со титулата во германскиот Куп во актуелнава сезона, откако во финалниот натпревар дури по изведувањето на пеналите со 4-3 славеше против лутиот ривал Борусија Дортмунд.
Тоа е 18. титула за Баерн во Купот на Германија, а 21. во тренерската кариера на Гвардиола кој од идната сезона ќе го води Манчестер Сити.

Натпреварот беше далеку од квалитетен, за 120 минути имаше едвај 3-4 изгледни шанси за гол, а очекувано, Баерн ја имаше доминацијата и поголеми можности во основниот дел да го реши прашањето околу победникот. Кога веќе дојде до пенал-серија, трагичари беа Бендер и Папастатопулос кои не успеаја да го совладаа Нојер. На спротивната страна утна и Кимич, но Баерн, сепак, дојде до нов трофеј со што ја потврди доминацијата во германскиот фудбал.

Инаку, денешното финале беше прво по 1999 година во кое победникот беше одлучен по изведување пенали. И во претходното партиципираше Баерн, но тогаш загуби од Вердер со 4-5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top