Американската јавност е шокирана по видеото во ставовите околу илегалните мигранти на Донал Трамп и на Бил Клинтон се исти.
Во видеото се користи говор на некогашниот американски претседател Клинтон, додека бил на чело на САД.
Во 1996 година, Клинтон зборува за проблемите кои САД ги имаат со илегалните мигранти. Тоа што е посебно важно во врска со овој говор, е тоа што тој ги застапува речиси истите ставови како и Доналд Трамп денес.
“По една година зенемарување, оваа администрација зазема цврст став да ги заштити нашите граници. Ќе ја зголемиме контролата на границата за 50 проценти”, рекол тогаш Клинтон.
Останува да се види како ова ќе влијае на бирачкото тело, со оглед на тоа дека барем кога прашањето за мигрантите е на дневен ред, Бил Клинтон има повеќе заеднички ставови со Трамп отколку со својата сопруга Хилари.
Во секој случај оваа снимка, како што тврдат некои аналитичари, ќе ја потресе американската политичка сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)