Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид се подготвува за финалето во Лигата на шампионите против градскиот ривал Реал Мадрид, но паралелно веќе размислува и за следната сезона. Според португалскиот спортски весник „А Бола“, фудбалерот на Бенфика, Нико Гаитан, е на прагот да потпише четиригодишен договор со Атлетико Мадрид.
Одличниот играч за врска по шест години поминати на „Луж“, конечно реши да побара нов предизвик, а повеќе од сигурно дека ќе го пронајде со потписот за „јорганџиите“ и настапот во Примера и во Лигата на шампионите во наредниот период. Трансферот на Гаитан ќе биде вреден 25 милиони евра и треба да се реализира во првите денови од летниот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.