Веста дека Мурад Лахруи станал европски првак во таеквондо на шампионатот во Швајцарија сигурно не би привлекла толкаво внимание доколку 21-годишниот Мурад не е помлад брат на Наџим Лахруи, човекот што на 22 март изврши терористички напад на аеродромот во Брисел.
Неколку дена по објавувањето на веста за идентитетот на бомбашот самоубиец од 22 март беше објавено и дека тој има помлад брат што е репрезентативец на Белгија во Таеквондо. Два месеци подоцна, Мурад Лахруи во финалето од категоријата до 54 килограми го победи Шпанецот Хесус Тортоса, со што обезбеди пласман на ОИ во Рио де Жанеиро.
– Сакаме само да продолжиме со животот. Моето семејство не беше во контакт со Наџим уште од 2013 година, кога тој замина за Сирија – истакна Мурад Лахруи по терористичкиот напад на неговиот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Русија предупредува: Можни терористички напади во САД и Европа за време на празниците
-
САД предупредува: За Божик и Нова година терористички напади во Европа
-
Бројот на мртви не престанува да расте: Најмалку 50 убиени и 200 ранети во Лас Вегас (Фото – Видео)
-
Реал со најсилен состав доаѓа во Скопје, на списокот и Кристијано Роналдо