Шеесет и осугодишниот Ф.Г. се напил „вијагра“ и починал за време на сексуален чин. Неговата партнерка, комшивката С.Д. (75) преплашена го извадила телото во дворот и веднаш заминала кај другата комшивка да се пожали.
Настанот денеска е главна тема меѓу мештаните и инспекторите од бањалучката населба Новоселија, покрај реката Врбас во БиХ.
Безживотното тело било пронајдено во дворот на комшиката. Истрагата покажала дека починал од природна смрт, поточно неговото срце престанало да куца поради „вијаграта“ која ја испил. Тој кобната вечер починал водејќи љубов со својата пријателка. Престрашената жена се обидела на секој начин да прикрие дека имало нешто меѓу нив. Го облекла телото, но не успеала да го довлечка до реката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


