“Црвен” код за тревога е прогласен во Белата куќа, откако се слушнаа пукање во близина, пренесува “Индипендент”.
Претседателот на САД Барак Обама не е во зградата, соопштуваат медиумите во земјата.
Персоналот на Белата куќа бил блокиран откако се слушнале истрели откај северниот влез. Пукањето се слушнало после 14 часот по локално време, во близина на 17-та улица и авенијата Пенсилванија.
Осомничен е “притворен”, јавува CNN.
Се уште не е јасно дали нападот бил насочен кон Белата куќа, или станува збор за надворешни инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.