| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ си работи на агендата: Чаушот, ФИРОМ и шеријатското право

Македонија е ФИРОМ, за мене суд е само шеријатското право. Ова го истакна Захир Бекири Чауш, сопартиецот и соработник на Зоран Заев.

caus foto

Првоосомничениот во „Фабриката за афери“ и член на СДСМ Захир Бекири Чауш предизвика вистински скандал на денешното рочиште. Со директни навреди кон јавната обвинителка и судијка која го води случајот, Чауш рече дека судството во земјава е партиско, а тој го признава само шеријатското право. На крајот на рочиштето тој упати погрдни зборови и кон полициските службеници, а побара и изземање на јавната обвинителка и судијката кои ги обвини дека го дискриминираат, бидејќи е муслиман. Неговиот адвокат смета дека ваквото барање е  легитимно. За одбрана е спорно зошто судот не дозволува дополнително вештачење на компјутерите и фајловите кои беа пронајдени во домот на Чауш.

Оваа земја за мене не е Македонија, туку ФИРОМ, рече Захир Бекири Чауш.

caus5

Членови на СДСМ почнаа и официјално да ја нарекуваат нашата држава ФИРОМ, а не со нејзиното уставно име Република Македонија.

Захир Бекири Чауш и неговиот брат се товарат за изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување кривично дело, фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Во домот на Чауш беа пронајдени 105 фалсификувани лични карти за кои натамошната истрага потврди дека не биле употребени во изборни постапки. Судскиот процес продолжува на 26 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top