Македонскиот поет Јовица Тасевски-Етернијан од 22 до 25 мај ќе учествува на јубилејното 10-то издание на Меѓународниот поетски фестивал „Словенска прегратка“ во Варна и Плиска, Република Бугарија. Исто така, негови песни препеани на бугарскијазик ќе бидат објавени во новиот број на бугарското списание за литература и уметност „Знаци“.
Фестивалот го организира Словенската литературна и уметничка академија, а сеодржува во чест на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј. На овој фестивалќе бидат претставени еминентни поети од сите словенски држави.
Програмата на фестивалот опфаќа поетски читања, ликовни изложби, концерти, тркалезна маса, работилници за превод и други содржини.
По повод јубилејот на фестивалот, поздравни писма и честитки до Словенската литературна и уметничка академија упатија повеќе високи функционери од светот, меѓу кои и генералниот секретар на УНЕСКО, Ирина Бокова, министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров и др.
Претседател на Словенската литературна и уметничка академија е афирмираната бугарска поетеса Елка Њаголова, координатор за Македонија е поетот и книжевенкритичар Бранко Цветкоски, а членови се академик Влада Урошевиќ, Раде Силјан и др.
Книга со избрани песни од Јовица Тасевски-Етернијан претходно беше објавена воБугарија, во препев на еминентниот бугарски поет Петар Караангов, добитник на наградите „Книжевен жезол“ и „Почесно Рациново признание“, а во бугарскатапериодика се објавени повеќе негови песни препеани на бугарски јазик од познатитепоети Роман Кисјов и Николај Шопов, добитници на наградата „Македонски книжевенДедал“.
Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски и две критичко-есеистички книги. Неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави. Го има добиено интернационалното поетско признание „Восхитувачки поет“ што се доделува во Индија за исклучителен придонес во современата поезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


