Никола Маџиров учествува на Интернационалниот поетски фестивал во Букурешт, кој седми пат се одржува од 19 до 22 мај. На фестивалот учествуваат поети од Кина, Финска, Полска, Израел, Чешка, Летонија, Велика Британија и други држави. Почесен гостин на фестивалот е венцоносецот на Струшките вечери на поезијата и неколкукратниот кандидат за Нобелова награда за литература, Ко Ун од Република Кореја. По учеството на овој фестивал, Маџиров го очекуваат читања во Србија, Германија, Јамајка, Литванија, Франција, Украина, Норвешка, Малезија и во други земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.