Цели 107 часа Португалија имаше нула емисии на штетни гасови, откако целата побарувачка за електрична енергија во овие 4 и нешто дена ја покри од обновливи извори: ветер, сонце и вода.
Серијата почнува во 6:45 на 7 мај, и трае до 17:45 во следната среда. Сличен подвиг на 15 мај имаше и Германија, кога заради преголемата количина на електрична енергија произведена од обновливи извори, цената на струјата отиде во минус.
Предвидувањата, барем на луѓето што работат со обновлива енергија, се дека без разлика колку ова изгледа како подвиг, за некоја година ќе биде стандард во Европа.
Минатата година само ветрот обезбедува 22% од целата електрична енергија потрошена во Португалија, додека сите обновливи извори снабдуваат 48%. Само меѓу 2013 и 2016, Португалија додава околу 550 мегавати капацитет на обновлива енергија од ветер.
На европско ниво, во 2015-та електричната енергија од ветер покрива 42% од потребите за струја на Данска, 20% во Шпанија, 13% во Германија и 11% во Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.