Ако предупредувањата на експертите се покажат точни, наскоро поради резистентноста на бактериите на антибиотици, може да стане премногу опасно да се изведуваат хемотерапија, царски рез, замена на зглобови и слични хируршки интервенции.
Резултатите од едно најново истражување покажаа дека употребата на антибиотиците под итно треба да се стави под строга контрола, пред тие да престанат да бидат делотворни, пишува „Индепендент“.
Во соопштение кое до британската Влада го испратил Џим О’Нил, економист и поранешен директор на компанијата „Годман Сакс“, се наведува дека брзината со која се зголемува отпорноста на антибиотиците е толку загрижувачка, што наскоро на пациентите можат да станат недостапни многу медицински третмани.
Ако нешто итно не се преземе, експертите предупредуваат дека резистентните инфекции до 2050 година можат да уништат до 10 милиони животи годишно, повеќе од што моментао ги уништува ракот.
Научниците претпоставуваат дека причината за наглиот раст на резистентните инфекции се крие во претераната и неконтролирана употреба на антибиотиците, кои се пропишуваат за лекување и на најлесни состојби како обична настинка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.