Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден“ од Скопје кон крајот на мај 2016 година ја организира Националната кампања за подигнување на свеста за тироидни заболувања во Македонија именувана „Виолетов караван 2016“. Централната активност на кампањата ќе биде одбележување на Интернационалната недела на тироидната жлезда во период од 23. до 29. мај 2016 година во Скопје и градовите низ Македонија.
– Целта ни е да ја подигнеме свеста кај населението за овој тип заболување. Кај тироидната жлезда симптомите се асимптоматски. Тоа значи не даваат соодветни симптоми, односно даваат симптоми кои пациентот може да ги помеша со други типови заболувања. Затоа е важно да се извршат ваков вид прегледи, кои ние ги организираме бесплатно низ седум града во Македонија каде што специјалисти и доктори од Инстутот за патофизиологија и Клиниката за ендокринологија ќе ги вршат во мобилни ординации – изјави д-р Мирјана Бабамова од „Борка“ во интервју за „Република“.
Неделата ќе се одбележи на тој начин што во седум градови низ Македонија ќе бидат поставени мобилни ординации за бесплатни ЕХО прегледи на лица кои немаат симптоми и немаат досага направено ЕХО на тироидна жлезда. Прегледите ќе ги извршуваат искусни доктори специјалисти, и тоа: проф. д-р Венјамин Мајсторов, проф. д-р Даниела Миладинова, д-р Синиша Стојановски и д-р Маја Здравковска од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина и д-р Ирфан Ахмети и д-р Искра Битовска од ЈЗУ Клиниката за ендокринологија во Скопје. Мобилните ординации за преглед ќе бидат поставени во градовите по 8 часа дневно (двајца доктори по една четиричасовна смена) и ќе можат да бидат прегледани по 100 лица дневно.
Распоредот на градовите е следен, а периодот за прегледи е од 9 до 17 часот:
- 23.05.16 Струга – пред хотел „Београд“, на шеталиштето;
- 24.05.16 Струмица – плоштад;
- 25.05.16 Велес – пред НУЦК театар „Ј.Х.Џинот“;
- 26.05.16 Тетово – плоштад;
- 27.05.16 Кичево – плоштад;
- 28.05.16 Куманово – плоштад, пред НАМА;
- 29.05.16 Скопје – плоштад „Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)