Авганистанските талибанци наскоро ќе почнат пролетна офназива против власта, силите на НАТО и нивните дипломатски центри со помош на бомбаши самоубијци и „инфилтрирани“ агенти, се вели во нивното соопштение објавено денес.
Тие во соопштението велат дека операцијата наречена „Халид бин Валид“, според најголемиот муслимански командант од седмиот век, ќе почне низ целата земја на 28 април. Се закануваат со колективни самоубиствени напади врз базите на како што велат, странските освојувачи, нивните диполматски центри и нивните воени аеродроми, за да им нанесат „тешки загуби“.
За повлекувањето на НАТО од Авганистан велат „Непријателот со својата воена сила е принуден да бега“.
Талибанците ги повикуваат авганистанските власти да прекинат со „декадентната администрација“, а верските и племенските лидери да ги спречат младите да се ангажираат во авганистанските војска и полиција.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.