| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е виновен за сообраќајката на Партизанска? Повредени три лица

Три лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа, која вчера вечерта се случи на булеварот „Партизански одреди“ во близина на бензиската „Окта“.

soobrakajjka

Од полицијата денес информираат дека во несреќата учествувале автомобил „јагуар“ управуван од Б.М. (21) од скопско Сарај, „ауди А3“ управувано од 39-годишната В.С. од Скопје и „ауди А1“ кое го возела 37-годишната скопјанка З.К.

kola

Повредени се возачите на „јагуарот“ и на „аудито А3“, како и сопатничката А.А. од овој автомобил, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во ГОБ „8 Септември“ каде што по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Неофицијално причина за несреќата е неприспособена брзина на движење. Очевидци во несреќата вчера за „Република“ кажаа дека учествувал уште еден автомобил „јагуар“, кој избегал.

По дадените изјави на присутните автомобилот и лицето што го управувало се пронајдени од полициските екипи и вратени на местото на несреќата. За оваа информација сè уште нема потврда од полицијата. Очевидци на несреќата велат дека не е исклучена можноста возачите на двата автомобили „јагуар“ да се натпреварувале.

13262635_10154659594732971_481653987_o
13228047_10154659594872971_467828091_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top