Синоќа во НБА-лигата се одигра вториот натпревар од финалната серија во источната конференција меѓу Кливленд и Торонто.
Актуелниот вицешампион славеше со убедливи 108-89 и во вториот меч на домашен терен поведе со 2-0 во серијата.
Неизвесноста на овој натпревар траеше само во воведните 12 минути, по кои Торонто имаше два поени негатива, но веќе до крајот на првиот дел истата изнесуваше 14 поени, а во вториот дел не им беше тешко на Леброн и компанија да го одржат водството и да слават повеќе и од заслужена победа.
Кајри Ирвинг со 26 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, а најдобар на теренот беше Леброн Џејмс со 23 поени, 11 асистенции и 11 скока. На спротивната страна Демар Дерозан постигна 22 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)