| четврток, 6 декември 2018 |

Денови на македонската фотографија во Охрид

Во организација на Фотосојузот на Македонија денеска во Охрид ќе почнат 54. Денови на македонската фотографија, кои ќе се одржуваат во галеријата на Домот на културата „Григор Прличев“ и во Институтот за филм, Филмска академија Охрид, каде што ќе има и проекција на документарен филм за Вивиен Маер.

Во рамки на Деновите на македонската фотографија предвидени се изложби, предавања и работилници со цел да се популаризира фотографијата и да се прикаже творештвото на македонските автори во претходната година.

Оваа традиционална манифестација е поддржана од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top