| четврток, 6 декември 2018 |

Богов: Состојбата се стабилизира, граѓаните ги враќаат депозитите во банките

Речиси целосно е запрено повлекувањето на депозитите од банките по шпекулациите во врска со политичката криза во Македонија, вели гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

374212-bogov-ekonomijata-stabilna-nema-opasnost-od-devalvacija-na-denarot

Во интервју за Ројтерс, Богов посочува дека во текот на април се повлечени 1,8 отсто од депозитите во банките што е прв таков случај по повеќе години постојан раст на депозитите.

– Во изминатите две недели гледаме стабилизација на ситуацијата, а повлекувањето на депозитите речиси запре. Има показатели дека граѓаните ги враќаат депозитите во банките, поради што сметаме дека најлошото е завршено, истакнува Богов.

По зголемувањето на каматите на благајничките записи од 3,25 на 4 проценти, Богов истакнува дека засега нема потреба од дополнително зголемување.

– Засега ситуациајта се стабилизира, потребните сигнали се пратени и веќе гледаме одговор од банките кои ги зголемуваат каматите на депозитите. Сметаме дека засега ќе нема потреба за дополнително зголемување, но остануваме будни и подготвени да употребиме мерки од монетарната политика ако се неопходни за да се зачува макроеконоската стабилност, истакнува Богов.

Гувернерот на НБРМ вели дека е можно Централната банка да ги намали каматите ако политичката криза наскоро биде решена и веќе нема шпекулативни напади врз стабилноста на денарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top