| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ: Намалена побарувачката на девизи од физички лица

NBRM pobaruvacka na devizi

Народната банка на Република Македонија информира дека е намалена побарувачката за девизи од физички лица по невообичаениот висок раст во последната недела од минатиот месец.

По преземените мерки од страна на Народната банка, обезбедување на потребна девизна ликвидност преку интервенции на девизниот пазар и зголемување на основната каматна стапка на 3 мај годинава, движењата постепено се нормализираат, што се согледува преку континуирано намалување на побарувачката за девизи од страна на физичките лица, наведува НБРМ во информацијата објавена на својата Фејсбук страница.

Претходно гувернерот на НБРМ Димитар Богов во интервју за Ројтерс рече дека речиси целосно е запрено повлекувањето на депозитите од банките по шпекулациите во врска со политичката криза во Македонија.  Во текот на април, наведе Богов, се повлечени 1,8 отсто од депозитите во банките што е прв таков случај по повеќе години постојан раст на депозитите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top