| четврток, 6 декември 2018 |

Натална карта на убиената Јелена – и ѕвездите виделе смрт во вода!

jelena

Изминаа скоро 50 дена од убиството на пејачката Јелена, а таа се уште е главна тема на сите медиуми од регионот. Според астролозите во наталната карта на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ стои дека и е предодредено да настрада во вода и нејзината смрт да биде обвиена со мистерија.

Астролозите велат дека од наталната карта може да се види дека убиената пејачка имала многу тешки периоди во животот. Ако може да им се верува на астролозите, до септември многу работи врзани со изсчезнувањето и убиството на Јелена ќе бидат појасни и убиецот ќе биде разоткриен.

Инаку српските медиуми го обелоденија сиот живот на Јелена, како израснала, со какви луѓе била опкружена, но и дека нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ се однесувал премногу заштитнички кон неа, дека секаде ја следел и дека неговата љубомора довела до нејзината смрт.

je1

Меѓутоа сето тоа Зоран го демантираше во емисијата „Кирилица“.

 

-Ниту на Јелена сум и бранел да пее, ниту сум бил против тоа да настапува. Лага е дека сум правел љубоморни сцени. Напротив!Барав од неа да се посвети на кариерата, но таа не сакаше. На неа секогаш најголема грижа и беше семејството и Јана. Тоа и правеше поголемо задоволство од пеењето – рекол Зоран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top