Македонската медиумска асоцијација, во која членуваат телевизиите Канал 5, Алсат – М, Алфа, Сител и Телма со остра реакција против директорот на агенцијата за медиуми, Зоран Трајчевски за неговото несоодветно постапување при вршењето на своите надлежности кон медиумите во текот на последните неколку месеци, објави Канал 5.
Во писмената реакција е наведено:
– Го осудуваме вашиот јавен настап на ТВ Нова во кој на крајно непрофесионален начин си дозволивте да го коментирате однесувањето во слободното време на директорот и главен и одговорен уредник на телевизија Телма, Атанас Кировски. Исто така, го осудуваме делот од вашиот втор извештај од мониторинг на вести во кој на крајно ирационален начин, без никаков доказ и повод ги стигматизирате трите наши членки, Алфа ТВ, Канал 5 и Сител, како и нивните одговорни уредници за наводна усогласеност во уредувачката политика, што е невиден апсурд. Господине Трајчевски, со оваа фиктивна констатација, токму вие го повредувате членот 61 став 1 од законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, според кој нашите уредници се независни , па според тоа можат слободно да одберат која тема ќе ја третираат во своите вести. ММА смета дека почнувате длабоко да ги надминувате вашите ингеренции и дополнително си давате слобода за лично толкување и сопствена перцепција на законските акти, при што неосновано осудувате одредени менаџери и медиуми – членки на нашата асоцијација. Затоа, сето ова го сметаме за организиран и недвосмислено директен упад во нашите уредувачки политики и притисок врз нашата работа. Сакаме да ја информираме јавноста дека доколку се повтори ова ваше однесување, ММА веднаш ќе поднесе соодветен поднесок до надлежните судови и институции во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит
-
По поништување на конкурсот за класични композиции реакции: Алаѓозовски не смее да биде министер повеќе ниту еден ден!