Пред точно 14 години, на 19 мај, дождливата мајска ноќ во Скопје донесе многу радост, ерупција и шампионска круна од највисок ранг – од Лигата на шампионите, а хероини беа ракометарките на Кометал Ѓорче Петров. Во реваншот во Скопје со победа од 26-22, Кастратовиќ, Нацева, Радуловиќ, Будимир и останатите ракометарки на македонскиот првак ја анулираа предноста на унгарскиот Ференцварош од два гола разлика, 27-25, и во второто од вкупно три финалиња на тимот ја освоија европската круна. Ракометарките на Кометал го совладаа Херц со 26:22, и со вкупни 51:49 го освоија најелитното клупско ракометно првенство за жени.
Во шампионската генерација на Кометал беа Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Наталија Тодоровска, Валентина Радуловиќ, Андријана Будимир, Милева Велкова… кои ќе останат запишани со златни букви во македонската спортска историја.
Историскиот подвиг во живо во салата „Кале“ го следеа повеќе од 2.000 љубители на спортот, а на плоштадот „Македонија“ уште 30.000 поддржувачи на Кометал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)