Рафаел Надал ќе биде знаменосец на Шпанија на отворањето на ОИ во Рио де Жанеиро, што ќе биде само мотив повеќе за најдобриот шпански тенисер да се покаже во уште подобро светло на овие игри. Откако го освои златото во сингл на ОИ во Пекинг, Надал се реши за уште поголем предизвик, па покрај во поединечна конкуренција ќе брка уште две злата, и тоа во дубл и во микс, каде за партнерка ќе ја има најдобрата шпанска тенисерка Габрине Мугуруза.
– Рафа сака да учествува во три дисциплини на Олимписките Игри. Тој и Мугуруза можеби нема да бидат така силни како Федерер и Хингис, но сигурно ќе бидат доволно конкурентни за медал – изјави тренерот на Рафа, Тони Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.