| четврток, 6 декември 2018 |

Ријана од Косово: Како овие секси Косовки станаа светски ѕвезди

kosovki devojki

Досега светот знаеше за тројца успешни и познати, селебрити, Албанци и Косовци. И тоа не целиот свет, туку чат=пат по некој, ако случајно налетал на податокот за нивното потекло. Холивуд и Америка можеа да спомнат дека во своите редови ги имат браќата Белуши или жраперот Акшн Бронсон, и тоа под услов воопшто да знаат за тој податок, зашто никој од наведените никогаш посебно не ги истакнувал албанските корени.

Но, во последните неколку години, поп сцената почнаа полека да ја освојуваат некои нови имиња, а овие девојки, за разлика од тројцава мажи, со задоволство го потсетуваат светот на тоа од каде доаѓаат. Секако, станува збор за младите пејачки Рита Ора, Дуа Липа и Ера Истрефи, млади Косовки, кои во последните неколку години направија вистински бум на сцената, поприлично голем ако се земе предвид од колкава држава доаѓаат.

Оттука, се наметнува прашањето од каде овој интерес на американската музичка индустрија за пејачки од Косово и постои ли некоја тајна, зашто во денешно време иако постои такво верување, за сериозна кариера не е доволно само да се покажат гради. Изгледот дефинитивно им помага, но ако се обидувате да се прибиете на сцена на која сите гради изгледаат горе-долу фантастично, нема да ви бидат од корист класичните балкански методи на промоција кои во најдобар случај ќе ви осигураат неколку наслови на порталите  и полупразни селски клубови.

Еден дел од одговорот лежи во културата проткаена со музика, егзотичната убавина, но и во недискутабилниот талент и начинот на кој функционира самата индустрија, зашто кога зборуваме за младите девојки од Косово, не смееме да заборавиме дека барем во почетокот на пробивот, зборуваме за потрага по нова Ријана.

Кариерата на Рита Ора, која на сцента е веќе неверојатни 10 години, почна да се искачува по сценските скалила во времето кога по истите почна да се симнува кариерата на Крег Дејвид. Многумина уште тогаш ја забележаа младата пејачка која се појави во неговата песна “Awkward”, но тоа беа скромни почетоци кои почнаа да се формираат во карира дури во 2009 г. кога нејзината менаџерка Сара Стент стапи во контакт со издавачката куќа на Џеј Зи, Рок нејшн, човекот кој ја создаде Ријана.

rita ora

На почетоците ја нарекуваа „Ријана од Англија“, но прекарот како да исчезна со појавувањето на нејзиниот прв албум „Ора“ во 2012 година, кој го составуваше чериси истата епипа на хитмејкери кои работат за Ријана.

Сличноста меѓу нив две е толку голема што во кулоарите се зборува дека Ријана не може да ја поднесе Ора и дека прави се за да ја заботира нејзината кариера, што, уверени се некои, објаснува зошто младата пејачка веќе 4 години не снимила нов албум.

Саботажата на Ријана

За да ѝ го оневозможи патот до ѕвездите Ријана ги задржува песните што не мисли да ги сними (зашто знае дека ќе завршат кај Ора) или пак од Џеј Зи бара кариерата на конкурентката на не му биде во прв план.

Иако ова се нагодувања на таблоидите, Рита Ора минатата година побара раскинување на договорот со издавачката куќа на Џеј Зи, па сега го чекаме продолжението кое ќе покаже дали паузата меѓу двата албума пбила предолга.

Освен Рита Ора, неверојатна вокална сличност со Ријана дели и 26-годишната Бебе Реџа, која е автор на еден од најголемите хитови на Ријана, односно на мегапопуларниот дует на Еминем и Ријана “The Monster”, кој најпрво го снимила за себе за првиот соло-албум, но соработниците ја убедиле да му ја понуди на Еминем.

bebe redza

Реџа е легитимна хитмејкерка, која има напишано еден куп хитови и остварила соработка со ники Минаж, Дејвид Гета, Џи-Ејзи, Иги Азал, Ник Џонас, Афроџек Питбул, Селена Гомез и Мартин Џерикс. А ако го земете предвид фактот дека на сцената е само три години, јасно ќе ви биде дека се работи за голем успех.

Уште како тинејџерка ѝ фати око на Саманта Кокс, која тогаш работеше со Лејди Гага и Кеш, а таа ја советуваше да научи да пишува песни. Бебе го послуша советот и на 15 години почна да оди по натпревари во Њујорк.

И додека за Рита Ора и за Бебе Реџа можеме да речеме дека се работи за одличен избор на менаџерите и менторите, а и тоа што се нашле во центрите на светската музика, Лондон и Њујорк, истото не можеме да го речеме за 21-годишната Ера Истрефи, која до позиција на сцената дојде по помалку традиционални канали – преку социјалните мрежи.

era istrefi

Секако, не ѝ одмогна тоа што доаѓа од семјество полно музичари. Мајка ѝ е познатата албанска пејачка Сузана Тахирислај, која владееше со сцената во 80-тите и 90-тите, а постарата сестра Нора, исто така е огромна поп ѕвезда која зад себе има четири албуми.

Не треба посебно да се истакнива дека Ера звучи како албанска верзија на Ријана, која чат-пат знае да го ситира и Боб Марли.

Пред три години беше порогласена за најдобра нова изведувачка на доделувањето на албанските музички награди, а во 2014 година во Америка го сними синглот „13“, благодарение на кој го провлече внинманието на меинстрим медиумите, посебно благодарение на промоцијата во магазинот „V“.

Кон крајот на минатата година го исфрли синглот “BonBon”, кој стана вирален хит, а таа со него појави на радарот на многу слушатели во светот.

Но, не се работи само за друштвените мрежи, Британските медиуми ѝ предвидуваат бласкава иднина на дваесетгодишната убавица Дуа Липа, а причина за тоа е што ја забележале менаџерите на Лана дел Реј, кои во неа препознале малку мистичен квалитет.

LIPA_17052016_press

На сцената е од 16 години, учела во престижната школа „Силвија Јанг Тијатр скул“ се додека татко ѝ поради работа не морал да се врати на Косово, каде што издржала две години и ги замолила родителите да се врати во Лондон и да продолжи да се занимава со музика. Живеела со пројатели, работела во ресторани и клубови, па така имала можност да ја запознае и мрачната страна на Лондон, што ѝ послужило како инспирација за текстовите.

Исто така потекнува од музичко семејство (татко ѝ бил пејач во бендот Ода), била модел, се наоѓа на листата на ѕвезди во подем, а има покана и од Марун 5, кои на својата страница објавија нејзина песна и ѝ послужија како одлична отскочна штица за пејачка која во монентов снима деби албум за Ваенер брос рекордс и соработува со познати продуценти кој соработувале со Еминем, Броуно Марс, Лана дел Реј, Канње Вест, Марк Ронсон и Бек.

И тешко е, всушност да се дефинира прецизно причината за успехот на ладите Албанки и Косовки, а не е ни битно, зашто неминовно е протиа да се впуштиме во бесмислени и потенцијално навредливи нагодувања. Она што е сигурно е дека времето на овие девојки допрва доаѓа, имало тоа врска со нивното потекло или не, сигирно е дека Албанија и Косово се на светската музичка карта токму поради нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top