Ева Лонгорија и Хосе Антонио Бастон овој викенд ќе стапат во брак во прекрасна вила во Акапулко, Мексико, по речиси три години врска.
Церемонијата е закажана во домот на актерот Џејми Камил и листата на гости вклучува голем број на познати имиња.
Ева Лонгорија и Хосе Антонио се свршија пред пет месеци, кога 47-годишниот Хосе ја запроси Ева во Дубаи со прстен со рубин и со дијаманти.
Ева ќе биде невеста по третпат, овој пат носејќи креација од нејзината најдобра пријателка Викторија Бекам.
Првиот брак на актерката беше со актерот Тејлор Кристофер од 2002 до 2004 година, а по вторпат стапи во брак во 2007 година со НБА-ѕвездата Тони Паркер. Бракот заврши во 2010 година.
Хосе пак, има три деца од првиот брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.