За време на службените посети, светските државници секогаш носат и примаат скапи подароци, а Federal Register, службената публикација на американската влада, ги објави подароците кои ги примил американскиот претседател Барак Обама. Семејството Обама има добиено подароци во вредност од неколку десетици илјади долари, а најмногу се потрошил францускиот претседател Никола Саркози. Неговите подароци ја чинеле Франција над 41.000 американски долари. Обама добил црна Hermès торба за голф, куфер и крпа за плажа.
Саркози не застанал тука. На листата на подароци се наоѓа и актовка Louis Vuitton, бела Lacoste мајца, Dior кожна чанта и пењоари Dior „за неа и него”.
Подароците од другите лидери биле многу поумерени, така канадскиот премиер Стивен Харпер му подарил на Обама кошаркарска топка со автограмите на играчите од „Торонто Репторс“, дедека неговиот австралиски колега на подарок донел зелен Ајпод и маици од австралиските рагби клубови.
Поранешниот државен секретар Хилари Клинтон во 2011 година на подарок добила статуа на сребрен був вреден 3.400 долари, златник од 7.425 доалри и свилен шал од султанот на Оман, а од кинеската делегација добила бисери од 3.200 долари. Најексклузивен подарок добила од Замбија дијамантски ѓердан од 7.834 долари.
Доколку ве интересира целата листа на подароци отворете го линкот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.